Намален бројот на работници во индустријата

Bez autora
Oct 05 2025

Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – август 2025 година, во однос на истиот период лани, е намален за 3,8 проценти.

Во август годинава, пак, во споредба со август 2024 година, бројот е помал за 2,6 проценти, соопшти Државниот завод за статистика.

Бројот на работниците во август 2025 година, во однос на август 2024 година, во секторот Рударство и вадење на камен се намалил за 1,7 проценти, во секторот Преработувачка индустрија за 2,7 проценти, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0,6 проценти.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во август 2025 година, во однос на август 2024 година, се намалил во групите Енергија за 1,8 проценти, Капитални производи за  7,1 проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2,2 проценти, а се зголемил во групите Трајни производи за широка потрошувачка за 7,3 проценти и Интермедијарни производи, освен енергија за 1 процент.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik